Nokia 5800 XpressMusic - Инсталирање на апликации

background image

Инсталирање на апликации

Можете да префрлувате инсталациони датотеки на

Вашиот уред од компатибилен компјутер, да ги

Други апликации

© 2011 Nokia. Сите права се задржани.

100

background image

даунлоадирате во тек на пребарување, или да ги

испратите во мултимедиа порака, како e-mail прилог, или

користејќи други методи на конективност, како што е

Bluetooth конективност.
Можете да користите Nokia Application Installer во Nokia

Ovi Suite за да инсталирате некоја апликација во Вашиот

уред.
Изберете

Menu

>

Settings

и

Application mgr.

.

Инсталационите датотеки се наоѓаат во Installation files

папката и инсталираните апликации во Installed apps.

папката.
Иконите го покажуваат следното:

SIS или SISX апликација

Java апликација

Додаток

Апликацијата е инсталирана на мемориската

картичка

Важно: Инсталирајте и користете апликации и друг

софтвер само од доверливи извори, како што се

апликациите што се потпишани од Symbian Signed или го

поминале Java Verified™ тестирањето.
Пред инсталирање на апликација, проверете го следното:

● Видете го видот на апликацијата, бројот на верзија и

нејзиниот обезбедувач или производител. Изберете

Options

>

View details

.

● Видете ги деталите на безбедносниот сертификат на

апликацијата. Изберете

Details:

>

Certificates:

>

View details

. Контролирајте ја употребата на

дигиталните сертификати во Управување со

сертификати.

Ако инсталирате датотека кој што содржи надградба или

поправка на постоечка апликација, можете само да ја

вратите оригиналната апликација ако ја имате

оригиналната датотека за инсталација или целосна

резервна копија на отстранетиот софтверски пакет. За да

ја вратите оригиналната апликација, отстранете ја

апликацијата, и повторно инсталирајте ја апликацијата

од оригиналната датотека за инсталација или од

резервната копија.
JAR датотеката е потребна за инсталирање Java

апликации. Ако таа недостасува, уредот може да ви

побара да ја преземете. Ако не е одредена пристапна

точка за апликацијата, ќе бидете замолени да изберете

една.

Инсталирање на апликација

1. Лоцирајте ја датотеката за инсталирање во папката

Инсталациони датотеки во Управувач на апликации

или барајте ја во Управувач на датотека или во Вашето

Дојдовно сандаче во Пораки.

2. Во Управувач на апликации, одберете ја апликацијата

што сакате да ја инсталирате и

Options

>

Install

. Во

Други апликации

© 2011 Nokia. Сите права се задржани.

101

background image

други апликации, одберете ја датотеката за

инсталирање за да започне инсталацијата.
За време на инсталацијата, уредот покажува

информација во врска со напредокот на

инсталацијата. Ако инсталирате апликација без

дигитален потпис или сертификација, уредот

прикажува едно предупредување. Продолжете со

инсталацијата само ако сте сигурни за потеклото и

содржините на апликацијата.

Отворање на инсталирана апликација — Одберете ја

апликацијата во менито. Ако апликацијата нема

дефинирано стандардна папка, инсталирана е во Installed

apps. папката во главното мени.
Приказ на кои софтверски пакети се инсталирани или

отстранети — Изберете

Options

>

View log

.

Важно: Вашиот уред може да поддржува само една

антивирусна апликација. Имањето на повеќе од една

апликација со антивирусна функционалност може да

влијае на работењето или да предизвика уредот да

престане да функционира.
Откако ќе инсталирате некои апликации на

компатибилна мемориска картичка, датотеките за

инсталација (.sis, .sisx) остануваат во меморијата на

уредот. Датотеките може да користат голема количина на

меморија и може да Ве спречат да зачувувате други

датотеки. За да одржувате доволно меморија, користете

Nokia Ovi Suite за да направите резервни копии на

датотеките за инсталација на некој компатибилен

компјутер, а потоа користете го управувањето со

датотеки за да ги отстраните датотеките за инсталација

од меморијата на уредот. Ако .sis датотеката е прилог на

порака, избришете ја пораката од дојдовното сандаче за

Пораки.