
По снимање на видео клип
Откако ќе снимите видео клип, одберете од следното
(достапни само ако имате одбрано
Options
>
Settings
>
Show last captured video
>
Yes
):
●
Play
— Пуштете го видео клипот кој само што го
снимивте.
●
— Прикачете ја сликата на компатибилен албум
онлајн.
●
Delete
— Избришете го видео клипот.
Камера
© 2011 Nokia. Сите права се задржани.
66

За да се вратите во пронаоѓачот на изглед за да снимате
нов видео клип, притиснете го копчето за
фотографирање.
12. Позиционирање (GPS)
Можете да користите апликации како што се GPS
податоци за да ја пресметате Вашата локација или да
мерите растојанија. Овие апликации имаат потреба од GPS
конекција.
За GPS
Глобалниот систем за позиционирање (GPS) е управуван
од Владата на Соединетите Држави, која е единствено
одговорна за точноста и одржувањето на системот. На
точноста на податоците на локацијата може да влијае
прилагодувањето на GPS сателитите кое го прави Владата
на Соединетите Држави и е предмет на промена со
политиката за цивилен GPS на Министерството за одбрана
на Соединетите Американски Држави и Федералниот
Радио-навигационен план. На точноста исто така може да
влијае и слабата геометрија на сателитите. На
достапноста и квалитетот на GPS сигналите може да
влијае и Вашата околина, згради, природни пречки како
и временските услови. GPS сигналите може да не се
достапни во внатрешноста на згради или под земја и може
да бидат попречени од материјали како што се бетон или
метал.
GPS не треба да се користи за прецизни мерења на
локации, и не треба никогаш да се потпирате единствено
на податоците за локацијата од GPS приемникот и на
мобилните радио мрежи за позиционирање или
навигација.
Мерачот на патот има ограничена точност и може да се
појават грешки при заокружување. На точноста исто така
може да влијае и достапноста и квалитетот на GPS
сигналите.
Координатите во GPS се изразени со помош на
меѓународниот координативен систем WGS-84.
Достапноста на координатите може да варира во
зависност од регионот.
Assisted GPS (A-GPS)
Вашиот уред исто така поддржува assisted GPS (A-GPS).
A-GPS е мрежна услуга.
Assisted GPS (A-GPS) се користи за да се превземат
податоци за помош преку пакет дата конекција, кои што
помагаат во пресметувањето на координатите на Вашата
моментна локација кога Вашиот уред прима сигнали од
сателитите.
Кога активирате A-GPS, Вашиот уред прима корисни
сателитски информации од сервер за помош на податоци
преку мобилната мрежа. Со помошта од помошните