За WLAN
За да користите безжичнa LAN (WLAN) конекција, таа мора
да е достапна во Вашата локација, и Вашиот уред мора да
е поврзан со WLAN мрежата. Некои WLAN мрежи се
заштитени, и потребен Ви е клуч за пристап од
обезбедувачот на услуги за да се поврзете со нив.
Забелешка: Користењето WLAN може да биде
ограничено во некои земји. На пример, во Франција,
дозволено е користење WLAN само во затворен простор.
За повеќе информации, контактирајте ги Вашите локални
власти.
Карактеристиките кои користат WLAN или на кои им е
дозволено да работат во позадина додека се користат
други карактеристики, ја зголемуваат побарувачката на
енергија од батеријата и го намалуваат работниот век на
батеријата.
Вашиот уред ги поддржува следниве WLAN
карактеристики:
● IEEE 802.11b/g и WAPI стандарди
Конективност
© 2011 Nokia. Сите права се задржани.
80
● Работа на 2.4 GHz
● Wired equivalent privacy (WEP) со клучеви до 128 bits,
Wi-Fi заштитен пристап (WPA), и 802.1x методи за
аутентификација. Овие функции може да се користат
само ако се поддржани од мрежата.
Важно: Секогаш вклучете еден од достапните
методи на шифрирање за да ја зголемите безбедноста на
Вашата безжична LAN конекција. Користењето на
шифрирање го намалува ризикот од неовластен пристап
до Вашите податоци.