Nokia 5800 XpressMusic - WLAN конекции

background image

WLAN конекции

За да користите LAN (WLAN) конекција, мора да креирате

интернет пристапна точка (IAP) за WLAN. Користете ги

пристапните точки за апликациите што треба да се

поврзат со интернет.
WLAN конекција се воспоставува кога ќе креирате дата

конекција користејќи WLAN интернет пристапна точка.

Активната WLAN конекција завршува кога ќе ја завршите

дата конекцијата.
Можете да користите WLAN за време на гласовен повик

или кога е активен пакет дата. Можете да бидете

конектирани само со еден уред со WLAN пристапна точка

во исто време, но неколку апликации може да ја користат

истата интернет пристапна точка.
Кога Вашиот уред е во офлајн профилот, сеуште можете

да користите WLAN (доколку е достапна). Запамтете да ги

почитувате сите применливи безбедносни барања кога

воспоставувате и користите WLAN конекција.

Совет: За да ја проверите уникатната адреса за

контрола на пристап на медиа (media access control

- MAC) што го идентификува Вашиот уред, отворете

го бирачот и внесете *#62209526# .