
За методите за позиционирање
Мапи ја прикажуваат Вашата локација на мапата
користејќи GPS, A-GPS, WLAN или позиционирање според
бројот на мобилната ќелија.
Глобалниот систем за позиционирање (GPS) е систем
основан на сателитската навигација користен за
пресметување на Вашата локација. Помошниот GPS (A-
GPS) е мрежна услуга што ви праќа GPS податоци,
подобрувајќи ја брзината и точноста на
позиционирањето.
Позиционирањето со безжична локална мрежа (WLAN) ја
подобрува точноста на позиционирањето кога GPS
сигналите не се достапни, посебно кога сте внатре или
помеѓу високи згради.
Со позиционирањето со бројот на мобилната ќелија,
позицијата е откриена преку мобилниот предавател со
којшто Вашиот уред е во моментот поврзан.
Кога употребувате Мапи за прв пат, од Вас е побарано да
дефинирате интернет влезна точка за да ја користите за
даунлоадирање на информации за мапа, користење на A-
GPS или поврзување со WLAN.
Глобалниот систем за позиционирање (GPS) е управуван
од Владата на Соединетите Држави, која е единствено
одговорна за точноста и одржувањето на системот. На
точноста на податоците на локацијата може да влијае
прилагодувањето на GPS сателитите кое го прави Владата
на Соединетите Држави и е предмет на промена со
политиката за цивилен GPS на Министерството за одбрана
на Соединетите Американски Држави и Федералниот
Радио-навигационен план. На точноста исто така може да
влијае и слабата геометрија на сателитите. На
достапноста и квалитетот на GPS сигналите може да
влијае и Вашата околина, згради, природни пречки како
и временските услови. GPS сигналите може да не се
достапни во внатрешноста на згради или под земја и може
да бидат попречени од материјали како што се бетон или
метал.
GPS не треба да се користи за прецизни мерења на
локации, и не треба никогаш да се потпирате единствено
на податоците за локацијата од GPS приемникот и на
мобилните радио мрежи за позиционирање или
навигација.
Мерачот на патот има ограничена точност и може да се
појават грешки при заокружување. На точноста исто така
може да влијае и достапноста и квалитетот на GPS
сигналите.
Забелешка: Во Франција, дозволено е користење
WLAN само во затворен простор.
Мапи
© 2011 Nokia. Сите права се задржани.
73