Потребно за Видео споделувње
Видео споделувањето бара 3G конекција. Вашата
можност да користите видео споделување зависи од
достапноста на 3G мрежата. За повеќе информации за
услугата, достапноста на 3G мрежа и тарифите поврзани
со користењето на оваа услуга, контактирајте со Вашиот
обезбедувач на услуги.
Остврување на повици
© 2011 Nokia. Сите права се задржани.
33
За да користите видео споделување, осигурете го
следново:
● Вашиот уред е прилагоден за конекции лице-до-лице.
● Имате некоја активна 3G конекција и сте во опсег на 3G
мрежа. Ако се преместите надвор од 3G мрежата за
време на сесијата на видео споделување,
споделувањето се стопира додека Вашиот гласовен
повик продолжува.
● И испраќачот и примачот се регистрирани на 3G
мрежата. Ако поканите некого на некоја сесија за
споделување и уредот на примачот не е во опсегот на
3G мрежа или нема инсталирано видео споделување
или нема прилагодено лице-до-лице конекции,
примачот не прима покани. Вие ќе примите некоја
порака за грешка која што покажува дека примачот не
може да ја прифати поканата.