Nokia 5800 XpressMusic - Префрлување на видеа од Вашиот компјутер

background image

Префрлување на видеа од Вашиот

компјутер

Префрлете ги Вашите сопствени видео клипови на Видео

центарот од компатибилни уреди користејќи некој

компатибилен USB кабел за податоци. Видео центарот

прикажува само видео клипови кои се во формат

поддржан од Вашиот уред.
1. За да го видите Вашиот уред на компјутер како уред со

огромна меморија каде што може да префрлувате

било какви датотеки со податоци, направете ја

конекцијата со некој USB кабел за податоци.

2. Одберете

Mass storage

како режим за конекција. Во

уредот треба да биде вметната компатибилна

мемориска картичка.

3. Одберете ги видео клиповите што сакате да ги

копирате од Вашиот компјутер.

4. Префрлете ги видео клиповите во E:\My Videos во

мемориската картичка.
Префрлените видео клипови се појавуваат во папката

Мои видеа во Видео центар. Видео датотеките во

другите папки на Вашиот уред не се прикажани.